Василије Мициќ пред кам-бек во Европа

Василије Мициќ беше трејдуван во Феникс Санс, но се чини дека враќањето во Европа е многу реална опција за српскиот плејмејкер. Мициќ има договор со Феникс до крајот на 2026 година, но има шанси  уште порано да се врати во Европа.

Имено, Феникс ќе има опција да го продолжи договорот со Мициќ и за следната сезона, но постојат сите шанси тоа да не го сторат, па Мициќ веќе почнал да преговара за враќање во Европа.

Поранешниот кошаркар на Оклахома и Шарлот од оваа сезона ќе заработи околу седум милиони евра. Мициќ би можел да се врати во Ефес, или да го засили актуелниот европски шампион, Панатинаикос. Платата што би можеле да ја одвојат за српскиотбеке некаде околу пет милиони евра, со што Мициќ би станал најскапиот кошаркар во Евролигата.

Мициќ веќе играше во Ефес и ја освои Евролигата со клубот од Истанбул, а во Панатинаикос е тренерот со кој тогаш работеше, Ергин Атаман.

Се вчитува...