Василије Мициќ пред нова преселба во НБА

Српскиот репрезентативец Василије Мициќ е пред промена на нов тим во НБА. Шарлот Хорнетс не сметаат на услугите на бекот на долги стази и целат на негов трејд кој би им донел драфт пикови, откриваат американските медиуми.

Опција за 30-годишникот се тимови кои претендираат за титула каде би имал скромна минутажа од клупата и улога да даде енергија на тимот во познатиот „грабиџ тајм“. Засега не се споменуваат конкретни тимови, но јасно е дека Србинот ќе заигра и за трет тим во двогодишната НБА кариера.

Пред заминувањето „преку барата“ Мициќ важеше за еден од најдобрите кошаркари во Евролигата. Со Анадолу Ефес освои две шампионски титули во 2021 и 2022 година, а беше одбран и како МВП на завршните турнири.

Се вчитува...