Германскиот евролигаш Баерн Минхен неочекувано е принуден да бара нов тренер откако го раскина договорот со Пабло Ласо на барање на шпанскиот стручњак и покрај тоа што двете страни имаа договорена соработка и за сезоната 2024/25.
Само неколку часа откако се огласи германскиот тим, грчките медуми пласираа и информација за неговата замена. Тоа се очекува да биде легендарниот грчки кошаркар кој неодамна заплива и во тренерските води, Василис Спанулис со кој се водат активни преговори.
Легендата на Олимпијакос веднаш по крајот на играчката кариера го превзема Перистери кој го предводеше до место на финалниот турнир на ФИБА Лигата на Шампиони притоа освојувајќи ја наградата за најдобар тренер на сезоната како и до третото место во шампионатот на Грција.
Спанулис и самиот неочекувано ја прекина соработката со грчкиот прволигаш, а овие денови е целосно посветен на грчката репрезенација на која е селектор и со која го очекува настап во квалификациите за Летните олимписки игри во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА