Васко Атанасов и во следниот период од клупата ќе го предводи тимот на МЗТ Скопје Аеродром. За 30-годишниот стратег ова ќе биде втора сезона која од самиот старт ќе ја почне како прв тренер, а вкупно трета со оглед што шансата за предводење на сино-белата чета ја доби пред крајот на сезоната 2022/23.
Атанасов веќе има две шампионски титули со клубот од Аеродром, како и еден трофеј од Купот на Македонија, освоен во февруари годинава на завршниот турнир во Битола.
Атанасов веќе има осум кошаркари на располагање за следната сезона и тоа новото засилување, Американецот Брандон Слај, потоа Хрватот Марко Баковиќ, браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои неодамна ги обновија договорите, како и староседелците Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА