Александар Васоски денеска го имаше првиот собир откако е на кормилото на струмичкиот прволигаш Академија Пандев. Васоски одржа тренинг на СЦ Пандев во Струмица. Тимот првиот дел од подготовките ќе го одработи во Струмица, а на 20. јануари заминува за Анталија каде ќе ги продолжи подготовките.
Покрај промената во стручниот штаб и назначувањето на Васоски за тренер, Академија Пандев се засили и со централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски, а се очекува во следните денови да биде претставен и Србинот Бранко Михајловиќ.
Од клубот по крајот не есенскиот дел заминаа Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

