Досегашниот тренер на Вардар, Александар Васоски и официјално го презема кормилото на кратовски Силекс.
По заминувањето на Горазд Михаилов, како што беше најавено, Васоски е неговиот наследник на клупата на кратовци кои следниве сезони се со амбиции за излез на европската сцена.
Токму европскиот предизвик е главниот мотив и за Васоски да го преземе тимот на Силекс кој и оваа сезона има се уште активни шанси во битката за место на европската сцена.
Александар Васоски, покрај Вардар, претходно во својата тренерска кариера ги водеше и екипите на Академија Пандев, како и босанскиот прволигаш Сараево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

