И покрај неочекуваното разрешување на Бобан Бабунски на само три дена пред реванш дуелот против Пјуник во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа, позитивно расположение владее во вардаровиот табор во обид да се елиминира ерменскиот претставник.
Вардар има негатива од 1-0 од првиот дуел во Ереван, но Александар Васоски, кој ќе ги предводи „вардарци“ на утрешниот реванш натпревар верува дека најтрофејниот македонски клуб има сили за продолжувањето на европското лето.
„Не очекува натпревар во кој треба да бркаме негатива. Минималниот пораз е можеби најнезгодниот резултат при вакви натпревари, но верувам дека сме доволно подготвени да ја анулираме предноста на Ерменците и да стигнеме до второто коло. Мора да промениме нешто кај нас самите, пред се од психолошки аспект. Не смее да има залетување, мора да бидеме трпеливи во играта, без грешки во одбраната а далеку подобри во нападот од она што бевме во Ереван. Така ќе успееме да стигнеме до целта“ – рече Васоски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.
Натпреварот меѓу Вардар и Пјуник од 1. квалификациско коло за ЛЕ утре се игра со почеток од 19 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА