Васоски исклучен на полувремето на дуелот во Тетово, поради неспортско однесување

Академија Пандев без шефот на стручниот штаб Александар Васоски во второто полувреме го заврши натпреварот против Шкендија во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Васоски најпрво во 44. минута од средбата заработи жолт картон поради приговор, а потоа по крајот на првото полувреме поради неспортско однесување за време на паузата и приговори кон судиите за време на паузата доби и црвен картон и исклучување од средбата.

„Пандевци“ во второто полувреме, и без својот тренер на клупата, сепак успеаја да дојдат до израмнување и бод од Тетово.

Сепак, Академија Пандев ќе мора во следните натпревари повторно да биде без својот тренер, поради суспензија за црвениот картон, кој, пак, претходно поднесе и оставка од клупата на тимот која не беше прифатена од раководството на струмичкиот прволигаш.

Натпреварот во Тетово на крајот заврши и со тежок инцидент по шокантното однесување на домашниот фудбалер Сабит Билали кој удри двајца противнички фудбалери, притоа еден од нив шутирајќи го и додека лежеше на теренот.

 

Се вчитува...