Вардар одржа прес-конференција на која ги искажа своите очекувања од натпреварот со Шкендија кој се игра утре на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.
Тренерот на Вардар, Александар Васоски се потсети на времињата кога ова беше натпревар кој одлучуваше за титула, во миговите кога екипите се бореа за шампионскиот пехар.
„Некогаш ова беше големо дерби се бореа дватат тима за титула и играа многу квалитетни натпревари. Играме со првопласираната екипа, но знаеме дека оваа сезона променливо, ако го земеме последниот меч со Брегалница каде успеавме да земеме бод, а можевме и три, така што трендот на екипата е нагоре, и ќе настојуваме да победиме. Ги повикувам комитите кои се наш 12-ти играч да ни дадат поддршка, а ние ќе настојуваме со цело знаење да пробаме да ја изненадиме и да победиме. Несомнено ова е дерби во последните години, иако сега играат последниот против првиот“, изјави Васоски.
Шефот на струката на „црвено-црните“ кажа дека само Николовски нема да биде на располагање на екипата поради жолти картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

