Васоски поднесе оставка од Академија Пандев

Александар Васоски повеќе не е тренер на Академија Пандев. После денешниот пораз од Тиквеш на домашен терен, Васоски се реши да поднесе неотповиклива оставка од местото шеф на стручен штаб на „Академците“ на две кола до крајот на сезоната.

Академија Пандев го обезбеди опстанокот во Првата лига, а јасно е дека од првенството испаѓа Победа, а Скопје ќе игра бараж.

Васоски сезонава се врати во Академија Пандев, откако претходно го водеше овој тим, а потоа замина во Сараево, од каде се врати и повторно застана на чело на „пандевци“.

Во минатото беше тренер и на Вардар, со кој ја освои шампионската титула во ПМФЛ.

Се вчитува...