Васоски седнува на клупата на Сараево

Александар Васоски би можел да го има првиот интернационален тренерски ангажман, откако е најсериозен кандидат за превземање на клупата на Сараево, пишуваат босанските медиуми.

Васоски е еден од најсериозните кандидати за превземање на тимот од БИХ, и деновиве треба да стигне на завршни преговори.

„Бордо тимот“ заврши на четвртото место на табелата во првиот дел од сезоната, со 28 бодови, или неверојатни 20 бодови заостанување зад Зрински кој е на лидерската позиција. Титулата е недостижна, но затоа Сараево би требало да фати приклучок кон едно од местата кои носат во Европа.

За Сараево во моментов настапува Крсте Велкоски.

Се вчитува...