Централниот дефанзивец на Сараево, Мухарем Трако ќе биде зимско засилување за Силекс за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
20-годишниот Трако, како што пренесуваат босанските медиуми, треба да пристигне на позајмица во Силекс на барање на новиот тренер на кратовци, Александар Васоски.
Васоски го знае Трако од времето кога беше шеф на стручниот штаб на Сараево во БиХ, и верува дека ќе биде сериозно засилување за Силекс во битката за европски излез до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА