Вардар ќе ја пречека Академија Пандев во меч од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ минатото коло остварија важен триумф против Борец во Велес, а добрата форма сакаат да ја продолжат на мечот со тимот од Струмица. Тренерот на вардарци, Александар Васоски, смета дека е време Вардар сезонава да врзе две победи едно по друго.
„Навистина важен меч за нас, бидејќи ако го добиеме ќе избегаме од опасната зона . Мислам дека е време Вардар да добие два натпревари во низа сезона во ПМФЛ. Нема да биде лесно бидејќи Академија Пандев е одличен тим на кој не му е местото каде што се наоѓа во моментов. Влегоа во форма и веќе играат на нивото на кое што се очекува од нив и затоа воопшто нема да биде лесен овој меч. Се разбира Вардар секогаш оди на победа и се надевам дека ќе стигнеме до три бода и на овој меч“, ни изјави Васоски.
Натпреварот кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра во сабота со почеток во 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

