Ватерполистите на Италија со супер-пресврт во драматична завршница го победија САД, убедливи триумфи на Унгарија и Шпанија

Ватерполистите на Италија во драматична завршница со пресврт триумфираа против САД со 11-12 во Групата А на Олимписките игри.

Италија на само две минути пред крајот имаше негатива од 11-10, но со два гола во самиот финиш успеа да стигне до триумфот.

Херој на Италијанците е Ди Фулвио со пет постигнати гола кои водеа до триумфот. За Американците, по двете претходни победи, ова е прв пораз на турнирот.

Во првите два денешни натпревари, Унгарија убедливо со 23-1 ја победи Јужноафриканската република во Групата А, а Шпанија лесно го победи Казахстан во Групата Б со 16-4.

Се вчитува...