Ватерполистите на Србија стартуваа со „тесна“ победа на ОИ

Ватерполо репрезентацијата на Србија со победа од 16-15 ги стартуваа настапите на Олимписките игри во Париз. Така со победа тргнаа кон одбрана на олимпиското злато.

Потешко од очекувањата, Србите ја оправдуваа фаворитската улога, и покрај тоа што се очекуваше поубедлива и посигурна победа.

Најефикасен беше Душан Мандиќ со седум голови, додека кај Јапонците Јусука Инаба беше најефикасен.

Се вчитува...