Ватерполо: Хрватите ја шокираа Шпанија за место во полуфинале

Хрватска приреди сензација во четвртфиналето на ОИ во Париз, славејќи над актуелниот светски првак Шпанија со 10-8 за место во полуфиналето и борбата за медал.

„Црвената фурија“ имаше максимален ефект и улога на голем фаворит во овој дуел против ХРватите кои беа четвртопласирани во својата група и не им се даваа многу шанси за позитивен резултат. Сепак, сензацијата беше најавена со неверојатната прва четвртина што „коцкетите“ ја добија со 3-0, предводени од одличниот голман Марко Бијач затворајќи ги сите приоди кон сопствениот гол.

Шпанците се обидуваа да се вратат, но времето изминуваше, а тоа не им поаѓаше од рака. На полувреме резултатот гласеше 6-3 за Хрватска, овие „плус три“ балканската селекција ги задржа и по третата четвртина, за на крајот да слави со конечни 10-8 за најголемото изненадување на досегашниот ватерполо-турнир во Париз.

Бијач со осум одбрани и 50% успешност беше меѓу најзаслужните за големата победа, а најефикасни во хрватскиот табор беа Фатовиќ, Јоковиќ и Харков со по два погодоци.

Хрватска во полуфиналето за противник ќе го има победникот од дуелот Италија – Унгарија.

Се вчитува...