ВАТЕРПОЛО – ЛОИ: Италија извлече реми против Грција

Италија успеа да се извлече во финишот и да обезбеди реми против Грција 6-6 во натпревар од второто коло на ватерполо турнирот на Летните олимписки игри во Токио.

Грците може да жалат што не стигнаа до триумф на натпреварот бидејќи имаа предност од 6-2 пред стартот на последната четвртина во која Италија со серија од 4-0 успеа да извлече реми.

Претходно денеска Шпанија ја совлада Црна Гора, додека Србија и САД беа убедливи против Казахстан, односно Јужна Африка.

Се вчитува...