ВАТЕРПОЛО – ЛОИ: Шпанија ја „реши“ и Црна Гора, лесни победи на Србија и САД

По стартниот триумф над Србија, ватерполистите на Шпанија триумфираа и над Црна Гора со 8-6 во вториот меч од групата Б на олимпискиот турнир во Токио.

Шпанците во текот на целиот меч беа во предност и ја контролираа играта. Ортега, Санахуја и Маларач постигнаа по два гола кај победникот, додека кај Црногорците Душан Матковиќ заврши со три гола.

Србија оствари лесна победа над Казахстан со 19-5, додека САД триумфираше над Јужна Африка со 20-3.

Се вчитува...