Ватфорд го официјализираше Хоџсон

Екипата на Ватфорд го назначи Рој Хоџсон за тренер, како замена за Клаудио Раниери кој доби отказ по слабите резултати. Тимот кој е претпоследен на табелата се одлучи за искусниот стратег, кој е најстар менаџер во Премиер-лигата, уривајќи го својот рекорд.

Хоџсон практично веќе беше во пензија, но се реши да ја прифати понудата од Ватфорд и да се обиде да го спаси тимот од испаѓање од Премиер-лигата.

Ватфорд е 19. на табелата со 14 бодови, еден помалку од Њукасл и два од Норич кој е на „сигурната“ 17-та позиција.

Се вчитува...