Жерар Делофеу е свесен дека за него веќе нема иднина во Барселона, па поранешниот младински репрезентативец на Шпанија инсистираше каталонскиот гигант целосно да го продаде за да не го испраќа повторно на позајмица. Ватфорд е клубот во кој младиот Шпанец ја продолжува кариерата, откако лондонскиот клуб реши целосно да го откупи неговиот договор со Барса.
Делофеу ги мина претходните пет месеци носејќи го дресот на Ватфорд, а откако се наметна со одлични игри за време на позајмицата, челниците на премиерлигашот решија да го откупат неговиот договор со каталонскиот гигант. Барселона отпрвин бараше 20 милиони евра, но двата клуба на крајот се договорија англискиот премиерлигаш да плати 13 милиони евра, плус евентуални два милиони плус доколку се исполнат неколку клаузули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА