Англискиот премиерлигаш Ватфорд одлучи да направи промена на менаџерската позиција по само четири одиграни кола во Премиер – лигата. Раководството на клубот му даде отказ на шпанскиот стратег Хави Грасија, а на негово место повторно на клупата седнува Кике Санчез Флорес. Тој беше менаџер на Ватфорд и во сезоната 2015/16.
Ватфорд имаше лош старт на новата сезона, загуби во ФА купот на Англија, а освои и само еден бод во првите четири натпревари од Премиер – лигата. Тимот загуби од Евертон, Брајтон и од Вест Хем, а ремизираше единствено против Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА