Валтер Мацари нема да биде менаџер на Ватфорд во следната натпреварувачка сезона откако раководството на англискиот премиерлигаш му врачи отказ на поранешниот тренер на Наполи и на Интер. Италијанскиот стручњак успеа да обезбеди опстанок во елитното друштво, но незадоволството кај голем дел од играчите, надополнето со серијата од пет порази, беа доволни за тој да ја загуби и поддршката што ја имаше од раководството на клубот. Мацари ќе го води Ватфорд на последниот овосезонски меч, на домашен терен со Манчестер сити, по што ќе го напушти клубот.
„По состанокот што го имавме со Валтер Мацари и дискусиите околу амбициите на клубот за иднината, беше донесена одлука за негово заминување од менаџерската позиција. Му посакуваме на Мацари многу среќа во следните ангажмани“ – изјави претседателот на Ватфорд, Скот Даксбери.
Мацари веднаш по мечот со Манчестер сити ќе се врати назад во Италија, каде неколку екипи предводени од Фиорентина веќе искажале интерес за да го доведат на својата клупа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА