Ватикан сака да влезе во УЕФА и ФИФА

Најмалата земја во светот, Ватикан, која официјално има 840 жители, сака полноправно членство во ФИФА и УЕФА.

По сличен пат претходно тргнаа и некои други репрезентации, Маршалските Острови, Француска Гвајана и Гренланд, а не е невозможно една од нив наскоро да стане членка на светската фудбалска организација.

Ватикан има фудбалски тим, а неодамна дури одиграа и пријателски натпревар против германскиот нисколигаш КСВ Јихалистал. Таа земја има дури и женска репрезентација, што е еден од важните аспекти за прием во УЕФА.

Дури и Здружението на фудбалери во Ватикан прослави 50-годишнина, а се планира формирање на Фудбалскиот сојуз на Ватикан, според принципите и правилата по кои функционираат другите фудбалски сојузи во Европа.

Италијанските медиуми пишуваат и дека папата Франциско во неформален разговор со претседателот на УЕФА Александар Чеферин ја споменал можноста фудбалскиот тим на Ватикан да се приклучи на семејството на УЕФА.

Планот е за оваа селекција да настапат некои фудбалери од италијанската Серија Ц и Д по примерот на моментално најслабата европска селекција на ранг листата на УЕФА, Сан Марино.

Се вчитува...