Вацке: Борусија Дортмунд сакаше да истапи од ЛШ

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд размислувал и за истапување од Лигата на шампионите, откако УЕФА издала наредба мечот против Монако по бомбашкиот напад над автобусот на „милионерите“ да се игра веднаш, следниот ден. Најголем дел од фудбалерите не можеа толку брзо да го надминат шокот.

„Размислувавме и за тоа да ја напуштиме Лигата на шампионите. Но, потоа сфативме дека тоа всушност би била победа за оние што не нападнаа. Беше јасно дека фудбалерите не можат за толку кратко време да го надминат шокот. Ако некој од нив не беше во можност воопшто да игра, побаравме тоа да го соопшти на тренерот Тухел и ќе беше ослободен. Но, немаше такви. Никој не сакаше да одбие да игра, иако во очите им се гледаше дека не им е до фудбал. Им се заблагодарив на сите затоа што истрчаа на терен под силен стрес и емоции кои не можат да се надвладеат“, изјави генералниот менаџер на Борусија Дортмунд, Ханс – Јоаким Вацке.

Борусија Дортмунд загуби на „Сигнал Идуна Парк“ од Монако со 2-3 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...