Агенцијата за Млади и Спорт денеска го објави списоко на федерации и клубови кои ќе добијат финансиска помош од државата преку ваучер-системот.
Како и во минатото, АМС повторно заборави на Фудбалската Федерација на Македонија, продолжувајќи го конфликтот со „куќата на фудбалот“ без оглед на успесите на фудбалската репрезентација во изминатата година.
Од оние кои добија помош од државата, на врвот очекувано е Ракометната Федерација на Македонија со 15,8 милиони денари, пред Кошаркарската Федерација со 13,8 милиони и Одбојкарската Федерација со 11,8 милиони денари.
Далеку зад водечките три се наоѓа Атлетската Федерација на Македонија со 1,7 милиони денари…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА