Трикратниот гранд-слем шампион, Стен Вавринка учеството на турнирот во Мадрид го започна со победа против Американецот Креси.
Швајцарецот кој има 37 години се уште се труди да опстане во светскиот врв и вели дека со годините е се потешко. Тој смета дека доколку сака се уште да биде во врвот на светскиот тенис мора да ослаби.
„Се игра побрзо. Како што стареете, морате да работите повеќе, а резултатите се помалку видливи. Секако, ми треба многу повеќе време за опоравување, физиотерапевтите имаат полни раце работа. Сепак, за да се преживее, најважно е да уживаш, а тоа е се уште дел од мене. Можеби би можел да изгубам килограм или два. Тоа би ми помогнало подобро да се движам на теренот“, изјави Вавринка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

