Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако без загубен сет во четвртфиналната пресметка славеше против Жо-Вилфред Цонга со 7-6,6-4,6-3.
Во првиот сет се играше без брејк, па во тај-брекот Вавринка стигна до предноста, во вториот сет при 3-3 Швајцарецот стигна до двоен брејк за 6-4, и во вториот гем од третиот сет, потоа, стигна до брејк по што и дефинитивно го реши прашањето на победникот.
Вавринка во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Миша Зверев, кој се игра од 9 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА