Вавринка: Ѓоковиќ те уништува, а ти си среќен

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка изјави дека Новак Ѓоковиќ му бил потежок противник од Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Марej.

Вавринка нема позитивен учинок со ниту едeн од големата четворка, а против Ѓоковиќ кој го добиваше на сите гранд-слеми, освен на Вимблдон има негатива од 21-6.

Првата победа на Вавринка против Ѓоковиќ ја имаше во Умаг во 2006 година, а истата година ја извојува втората победа во Виена. Неговите други четири победи беа на гранд-слем турнирите, вклучувајќи го и финалето на Ролан Гарос во 2015 година и УС опен една година подоцна.

„Зависи од тоа како ќе го сфатите мојот одговор, бидејќи мислам дека загубив од Новак повеќе од 20 пати, но тој беше оној против кого бев среќен да играм. Иако загубив во финалето на АТП турнирот во Лондон во 2014 година со 6-0, 6-3, уживав играјќи против него – тој ја удира топката со таква чиста техника. Се чувствувате како да ве уништува, но некако сте среќни затоа што игравте против совршен тенисер“, изјави Вавринка.

Се вчитува...