Станислас Вавринка и Кеи Нишикори обезбедија место во полуфиналето на АТП турнирот во Бризбејн.
Швајцарскиот тенисер во првиот четвртфинален меч славеше против младиот Британец, Кили Едмунд со 2-1, во сетови 6-7,6-4,6-4, додека Јапонецот му препушти само два гема на домашниот тенисер Јордан Томпсон победувајќи со 6-1,6-1.
Токму Вавринка и Нишикори меѓу себе ќе се сретнат во битката за финале на турнирот, додека во преостанатите два меча се среќаваат Тием против Димитров и Раониќ против Надал.
Турнирот во Бризбејн се игра за вкупен награден фонд од 437.380 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА