Еден од најдобрите швајцарски тенисери на сите времиња и трикратен гранд-слем шампион Стен Вавринка се уште не размислува за пензија иако во последно време не бележи големи резултати.
Швајцарецот има 38 години, на АТП титула чека од 2017 година, но се уште не се откажува од тенисот.
„Свесен сум дека се приближувам кон крајот на кариерата, но се уште не се чувствувам стар. Имав четири неверојатни години во кои освоив три гранд-слем титули и еден Мастерс. Го победив најдобрите во светот во три финалиња. Мислам дека тоа е одлична кариера“, изјави Вавринка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

