Вавринка: Мислам дека го одиграв последниот меч на Ролан Гарос

Поранешниот шампион Стен Вавринка го заврши настапот на годинашното издание на Ролан Гарос уште во првото коло каде загуби од Британецот, Фернли со максимални 3-0 во сетови.

По мечот легендарниот Швајцарец изјави дека е можно ова да беше негов последен натпревар на францускиот гранд-слем.

„Крајот е се поблиску, ова е веројатно мојот последен Ролан Гарос. Секоја недела сум се поблиску, но не сакам да престанам. Верувам дека се уште играм добар тенис, дека добро се движам. Не е лесно да се сварат сите овие порази, но сепак уживам. Особено што ја имам поддршката од навивачите на секој турнир. Многу уживам, но треба и да победувам за да имам рамнотежа“, изјави Вавринка. 

Се вчитува...