Швајцарецот Стан Вавринка, објави дека го откажал настапот на турнирите во Монтреал и во Синсинати и дека извесен период ќе биде надвор од тениските терени. Прична за повлекувањето на четвртиот тенисер на АТП листата е повредата коленото. Оваа повреда 32-годишниот Швајцарец ја влече уште од почетокот на сезоната на тревнати терени. Вавринка со многу проблеми настапи на годинашниот Вимблдон, нобеше елиминиран уште во првото коло.
По овој настап швајцарскиот тенисер конечно реши да направи пауза за да може целосно да ја санира повредата.
„По долго размислување и консултација со моите лекари и мојот тим, решив да се откажам од настапите во Канада и во Синсинати. Идеата е едноставно да го сочувам здравјето, не гледам смислам да се форсира лекувањето на повредата“ – објасни Вавринка на својата официјална интернет страна.
Швајцарецот се надева дека до крајот на месецот ќе биде подготвен да се врати на терен и дека ќе може да ја брани титулата на УС Опен што стартува на 28 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА