Вавринка: Не сакам да сум како Федерер и Надал, заминувам во пензија

Стен Вавринка не сака да го следи примерот на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои настапуваа на тениските терени се додека не откажаа нивните тела.

Швајцарскиот тенисер одлучи на крајот на сезонта да стави крај на исполнетата кариера во која освои три грен-слема.

„Не сакам мојата кариера изненадно да заврши по повреда или на сличен начин. Сакам до крајот на кариерата да биде компетативен. Имав јасен план. Знам до кога сакам да играм, сакам да сум среќен на теренот. Јасно ми е дека 2026 година ќе биде мојата последна година“, изјави Вавринка.

Се вчитува...