Вавринка стравува од Ѓоковиќ: Ќе уживам доколку не бидам убиен…

Стен Вавринка е следниот противник на Новак Ѓоковиќ по походот кон рекорд на Вимблдон. Швајцарскиот тенисер откако славеше во мечот со Томас Етчевери со 3-1 го коментираше и следниот предизвик против Србинот.

Досега овие двајца се имаат сретнато 26 пати, а 20 пати на победата се радуваше Ѓоковиќ. Меѓусебниот скор беше повод за шала на Вавринка кој вели дека сепак ќе се обиде да биде конкурентен.

„Ќе уживам доколку не бидам убиен“, низ смеа започна Вавринка. „Новак е голем шампион, мило ми е што повторно ќе играм против него, па и тоа да биде последен пат во мојата кариера. Досега одигравме многу натпревари. Како и тогаш повторно ќе се обидам да бидам конкурентен, но ќе видиме што ќе биде“, вели Вавринка.

Се вчитува...