Важен играч официјално се откажа од Словенија пред пресметките со Македонија во ЛН

Играчот на Динамо Загреб, и доскорашен словенечки репрезентативец Миха Зајц се одлучи да го одбие повикот од селекторот Боштјан Цезар за да настапува во репрезентацијата на Словенија.

Зајц се прости од националниот дрес уште пред три години поради несогласувања со тогашниот селектор Матјаж Кек, но Цезар се одлучи да го повика за пријателските натпревари против Унгарија и Црна Гора на 28, односно на 31 март. Меѓутоа Зајц одлучно кажа дека заврши со репрезентацијата.

Иако во јавноста во Словенија се шпекулираше дека играчот од средниот ред ќе се врати откако Кек го напушти кормилото, сепак, тоа нема да се случи. Тоа значи дека тој нема да игра и против Македонија во Лигата на Нации (29.09 на гости и 16.11 во Скопје).

Зајц во минатото играше за Олимпија Љубљана, Емполи, Фенербахче, Џенова, Тулуз, а од минатата година е дел од Динамо Загреб.

Се вчитува...