Важен играч се враќа кај ФЦСБ за реваншот со Шкендија

Романскиот првак ФЦСБ мора да брка победа од најмалку два гола разлика ако сака да ја елиминира Шкендија во квалификациите за ЛШ, а добра вест за стручниот штаб е враќањето на Даниел Бирлигеа, кој би требало да биде стартер на вечерашниот реванш во Букурешт.

Танасе е прва опција во нападот, но во ситуација кога романскиот репрезентативец доби суспензија од три меча поради црвениот картон во Скопје јасно е дека мор ада се прејде кон „план Б“. Денис Алибец беше најавуван како стартер, но ситуацијата се промени откако Бирлигеа ги надмина проблемите со повредата, го издржа без проблем вчерашинот тренинг по што доби зелено светло од лекарскиот тим за настап на реваншот.

Тој поради повреда на метатарслната коска подолго време беше надвор од терените, но Романците најавуваат дека ќе го предводи нападот на ФЦСБ на дуелот со македонскиот шампион.

„Ви реков дека ќе сторам се за да играм, дека сите заедно ќе направиме се за да ве направиме вас среќни. Дојдете во голем број и дајте ни поддршка, ќе биде одлична вечер за сите“, им порача Бирлигеа на фановите на ФЦСБ во пресрет на вечерашниот натпревар.

Се вчитува...