Важен меч за младите на Канатларовски: Против Гибралтар за враќање во игра за место на ЕП!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 14 часот на националната арена „Тодор Проески” го игра клучниот натпревар против Гибралтар за враќање во трката за пласман на Европско првенство 2025.

Македонија го игра својот петти натпревар во Групата Ц од квалификациите против Гибралтар во желбата за своја втора победа, но пред се останување во игра низ овој квалификациски циклус.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, како што потенцираат, се подготвено да ги анулираат претходните два кикса со Молдавија и со Грузија, и со денешна победа да се добие импулс повеќе за следниот дуел против Шведска, исто така во Скопје.

„Не само оваа генерација и неа само во овие квалификации, туку и наназад во претходните циклуси, секогаш кога сме фаворити и кога треба да доминираме и да победиме, ние често знаеме да потфрлиме. И обратно, кога против себе имаме некој фаворит, ние го даваме максимумот и едноставно тие противници тешко можат да се надигруваат со нас. Меѓутоа ние утре немаме друг избор, иако имаме некои проблеми со составот, сепак најдобрите се тука, подготвени сме и да се израдуваме на победа како увертира на натпреварот со Шведска“ – вели селекторот Драган Канатларовски пред денешниот дуел.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025 – ГРУПА Ц
МАКЕДОНИЈА – Гибралтар (денеска, 14 ч.)

Се вчитува...