Важна „тројка“ на Партизан се враќа за дербито со Ц. Звезда во Евролигата

Кошаркарите на Партизан, Тајрик Џонс, Френк Ниликина и Вања Маринковиќ се приклучија на тимот, надминувајќи ги проблемите со повредите, токму пред големата дерби пресметка во петок (20:30 часот) со Црвена Звезда во 24. коло од Евролигата.

Партизан победи кога Црвена звезда беше домаќин во 11. коло со 89-77 и јасно е дека и двете екипи ќе бидат и тоа како мотивирани за пресметката на 31. јануари. Како што пренесува „Моцартспорт“, тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ добил добри вести пред „вечното“ дерби, бидејќи центарот Тајрик Џонс тренираше со полн капацитет со остатокот од тимот. Тој го пропушти натпреварот од АБА лигата минатиот викенд кога црно-белите играа со Цибона во Загреб.

Исто така, се враќаат и Френк Ниликина и капитенот Вања Маринковиќ, иако тренираа под посебен режим, далеку од остатокот од тимот.

Според најавите Тајрик Џонс сигурно ќе може да настапи против Црвена Звезда, а дополнително ќе се следи ситуацијата со Ниликина и Маринковиќ.

Се вчитува...