Вардар Неготино оствари важна победа во битката за опстанок, совладувајќи го на домашен терен составот на Прилеп со 30-28. Голманот Ацев во клучните мигови одбрани шут на гостите, а потоа Петров на спротивната страна погоди за голема победа.
Речиси во целиот меч Вардар имаше предност, со исклучок на средината на вториот дел кога Прилеп стигна до егал од 21-21.
Во последните мигови се влезе со еден гол предност за Вардар (28-27), а Ацев одбрани обид на гостите, додека Петров реализираше за 29-27. Прилеп брзо врати, но Петров ги постави конечните 30-28.
Адамовиќ кај победничкиот тим постигна девет гола и беше најефикасен на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА