Фиорентина загуби уште една важна битка за опстанок во Серија „А“, откако беа поразени на гостувањето кај Парма со 1-0, и со тоа драстично си ги намалија шансите за опстанок. „Виолетовите“ останаа со девет бодови заковани на дното на табелата, додека Парма се искачи на 14 место со 17 бодови, и заасега е во „мирни води“.
Голот на Соренсен во првите минути од вториот дел ја донесе победата на Парма на овој меч на асистенција на Пелегрини. Ова беше прв гол на Данецот во италијанскиот фудбал.
Фиорентина имаше шанса да дојде барем до бод, меѓутоа не успеа да искористи една од шансите кои ги имаше, за уште потешка да биде нивната ситуација сезонава во Серија „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

