Англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион е подготвен за рекорден клупски трансфер, а намерата е да се ангажира напаѓачот на Наполи, Маноло Габијадини. За него „хоторси“ би платиле 22 милиони евра, со што би се надминал досегашниот клупски лимит за ангажман на нов фудбалер. Габијадини треба да биде решение за најверојатното заминување на Саидо Берахино, за кого Стоук испрати понуда вредна 14,5 милиони евра, иако договорот му истекува на лето.
Габијадини, доколку се сложи на овој трансфер, во ВБА би заработувал 3 милиони евра годишно, а би потпишал договор за пет сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА