Вест Бромвич Албион си ги зголеми шансите за опстанок откако попладнево успеа да слави на гостувањето против Вулверхемптон (2-3), зголемувајќи ја кризата во таборот на „волците“, кои шест натпревари не знаат за триумф во Премиер-лигата.
Мечот почна одлично за избраниците на Сем Алардајс, кои од пенал поведоа со 0-1. Вулверхемптон успеа да направи целосен пресврт пред крајот на полувремето, Силва израмни во 38. минута, за пет минути подоцна Боли да донесе предност за домашниот состав. И кога се очекуваше Вулверхемптон да доминира во вториот дел, ВБА набрзина постигна два погодоци, направи целосен пресврт и успеа да ја задржи предноста до самиот крај.
Ова беше прв триумф на Сем Алардајс како менаџер на ВБА, во неговиот шести меч за премиерлигашот од Бирмингем. На спротивната страна, по најновиот пораз и падот на 14. позиција, се поголема е опасноста Нуњо Сантош во блиска иднина да добие отказ во Вулверхемптон.
Wolves 2-3 West Brom – ALL GOALS ⚽️?
— ???? ????? (@Fastgoal2) January 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

