Вчера беше херој, а денеска веќе го напаѓаат: Србите удрија по Јокиќ бидејќи не сака ниту да се фотографира со фанови

Србија ја освои бронзата на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри. Никола Јокиќ и согирачите одиграа турнир за паметење, во кој дури 37 минути го имаа во рака и „дрим-тимот“ на САД.

Сепак, како што бива на Балканот, до вчера човекот кој беше херој на нацијата, сега е веќе негативец. Српските медиуми се лути на центарот бидејќи покрај тоа што не сака да дава изјави за медиумите, како што велат тие вешто ги избегнува и фановите кои што сакаат да се фотографираат со него.

„Никола Јокиќ и донесе бронзен медал на Србија на Олимпијадата во Париз, но тоа не значи дека треба да се однесува недолично кон навивачите. Во ред – Никола Јокиќ не сака да разговара со медиумите. Не мора. Не сака да се фотографира и да дава автограми, очигледно. Добро, не мора да сака. Но, тој не мора да ги избегнува фановите како чума. Практично секогаш кога Никола Јокиќ ја претставува Србија, или бега во првата прилика штом е време за сликање и автограми, или тоа го прави  што е можно побрзо“, пишуваат српските медиуми. 

Се вчитува...