18-годишниот Оливер Берман дебитираше во Формула 1 шампионатот, и тоа во болидот на Ферари, менувајќи го Карлос Сајнц кој заврши на оперција на слепото црево. Младиот Британец го освои седмото место и така дојде до бодови во дебито во Ф1 шампионатот, и стана првиот британски возач кому тоа му успеало после Пауло Ди Рест во 2011 година.
Берман стартуваше од 11 место, но набрзо успеа да мине неколку болиди. Како трката одминуваше, 18-годишникот се соочи со притисокот на Ландо Норис и Луис Хамилтон кои беа на свежи гуми, но на крајот се задржа на седмото место.
После трката го прашаа како се чувствува, а тој беше искрен:
„Уништен сум. Физички беше тешка трка. Особено на крајот кога зад мене беа возачи со меки гуми, и тоа беше тешка ситуација. Физички се мачев, но надвор беше одлична забава“, рече Берман.
„Мислам дека добро се покажав. Тешки услови, нема многу кругови на патеката, но мислам дека дадов максимум“, рече Берман.
THE STARS IN OLIVER BEARMAN’S EYES 😭😭😭 pic.twitter.com/aDh9rBCOUj
— kaat ³ | OLLIE P7 🐻 (@journalofkaat) March 9, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА