Вчера излезе од затвор, денеска потпиша за шампионот на Русија

Александар Кокорин е подготвен за враќање на фудбалските терени откако потпиша договор со Зенит само 24 часа по пуштањето од затвор. Поранешниот руски репрезентативец беше уапсен за тепачка заедно со репрезентативниот колега Павел Мамајев, судската пресуда беше 18-месечна затворска казна, но двајцата фудбалери порано беа пуштени на слобода поради добро однесување.

Тој настапуваше за Зенит во моментот на тепачката, но договорот му беше раскинат. Сепак, откако Кокорин беше пуштен на слобода тимот од Санкт Петербург експресно реши да ја продолжи прекинатата соработка. Потпишаниот договор е со важност до крајот на сезоната, со можност за продолжување за уште две дополнителни години.

Останува да се види што ќе се случува со Мамајев, кој настапуваше за Краснодар до периодот на инцидентот и судскиот процес против него.

Се вчитува...