Вчера Ливаковиќ, денеска Боно: Погледнете како Мароко ја исфрли Шпанија на пенали (ВИДЕО)

Шпанската репрезентација е елиминирана во 1/8 финалето на Мундијалот во Катар откако загуби од Мароко на пенали со 2-0. Победникот беше решен во четвртата серија, откако Шпанците ги промашија сите три пенали, додека Мароко реализираше три од четирите.

Клучен фактор беше голманот на Мароко, Јасин Боно кој што одбрани два пенали (на Солер и Бускетс), додека Сарабија шутираше во стативата. И Симон одбрани еден пенал, но клучниот го погоди Хакими со „паненка“ за конечен триумф.

Пенал рулетот помеѓу Мароко и Шпанија може да го видите на следниот ЛИНК.

Се вчитува...