Вчера радост, денеска тага: На само 36 години почина поранешен играч на Манчестер Јунајтед

Денеска Манчестер Јунајтед тагува. На 36-годишна возраст почина нивниот поранешен играч Џо Томпсон. Томпсон беше во Јунајтед од мали нозе па се до 2005 година, пред да стане професионален фудбалер.

На Томпсон во 2013 година му бил дијагностициран Хочкин лимфом, ретка форма на рак, и веднаш ја почна терапијата за болеста. Дијагнозата ги шокираше многумина од неговите тогашни соиграчи. Во 2014 година тој најави враќање на терените откако целосно го победил ракот. Сепак, во 2017 година изјави дека му се вратил ракот, и тогаш успеа да го погоди.

Минатата година Томпсон откри дека му бил дијагностициран лимфом од четврта фаза кој се проширил на белите дробови, по што една година подоцна почина.

Откако го напушти Манчестер, тој играше за Рочдејл, Транмер Роверс, Карлајл Јунајтед, а кариерата ја заврши во 2019 година во тимот на Рочдејл, каде што настапи преку 200 пати. По завршување на кариерата работел како мотивациски говорник, а беше најавен и како ко-презентер на Би-Би-Си.

Се вчитува...