Пет месеци по стравичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија Коби Брајант неговата 14-годишна ќерка Џана и уште седум патници, сопругата на Коби, Ванеса Брајант ќе ја бара правдата на суд. Поради грешка која довела до смрт на трети лица, Ванеса ќе ја тужи компанијата „Експрес хеликоптерс“ за која возел пилотот Ара Зобајан.
Во веќе поднесената тужба, вдовицата на Коби го обвинива пилотот Зобајан, кој исто така загина во несреќата, дека не набавил податоци за времето пред полетувањето и не го одложил летот по сознанието за лошите временски услови. Токму поради тоа Ванеса Брајант бара, според пишувањата на американските медиуми, повеќе од 300 милиони долари отштета за загубата на членовите на своето семејство.
„Како резултат на смртта на Коби и Џана, Ванеса бара економска и неекономска отштета и казнена отштета“ – пишува во поднесената тужба до судот.
И семејствата на останатите патници кои загинаа во падот на хеликоптерот покренаа приватни тужби. По несреќата, обдукцијата покажа дека пилотот Ара Зобајан не бил под влијание на алкохол или дрога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА