Вдовицата на Михајловиќ низ солзи: Знаевме дека Синиша умира, немавме срце да му кажеме…

Синиша Михајловиќ почина на 16 декември 2022 година губејќи ја долгата битка со тешката болест, а неговата сопруга Аријана проговори за последниот период од животот на легендарниот српски фудбалер и тренер.

Имено, лекарите кои се грижеле за Синиша на еден месец пред неговата смрт му најавиле на семејството дека веќе немаат што да сторат за Михајловиќ и дека во следните триесетина дена може да се очекува тој да почине. Аријана како гостинка на една ТВ-емисија во Италија обелодени за тие тешки моменти за целото семејство, кое ја криело лошата вест од самиот Синиша.

„Зборувавме со лекарите, јасно ни кажаа дека нема лек, дека не може да се опорави и дека наскоро ќе следи она најлошото. Зборувавме со децата и заедно решивме да не му кажеме ништо на Синиша. Тоа беше голем шок за сите нас, последниот месец знаевме дека тој наскоро ќе умре, а немавме срце ништо да му кажеме. Бепе многу болно за сите, да глумиме дека ништо не се случува, беше тешко и за децата кои многу патеа и се уште говорат за тоа“, низ солзи говореше Аријана.

На крајот, таа се осврна на долгата љубов што ја имала кон Синиша Михајловиќ.

„Тоа беше преубава, голема љубов и јас сум среќна без оглед на трагичниот крај, што имав чест и привилегија да минам 27 години со така прекрасна личност. Сакам да им кажам на нашите деца дека многу ги сакал, дека тие ми даваат сила. Да не беа тие, немаше да можам да продолжам со животот по големата трагедија“, истакна Аријана Михајловиќ.

Се вчитува...