Веа од ПСЖ се пресели во Селтик

Тимоти Веа, кој е син на легендарниот напаѓач Жорж Веа, реши да го напушти тимот на ПСЖ и својата кариера да ја продолжи во редовите на Селтик. Младиот фудбалер настапуваше за „светците“ за време на летната турнеја во САД, но поради преголемата конкуренција во нападот на ПСЖ реши да замине на позајмица во друг клуб.

Благодарност до навивачите кои ми даваа поддршка иако не играв премногу. Овие последни неколку месеци секогаш ќе ги паметам по добро, но време ми е за нов предизвик во клуб каде ќе добијам повеќе шанси да ги покажам своите квалитети“ – објави младиот Веа.

Брендан Роџерс се соочува со проблеми поради слабото функционирање на нападот на Селтик, па стратегот на шкотскиот првак е оптимист дека со помошта на младиот Веа ќе ја одбрани титулата.

Легендарниот Жорж Веа, кој како играч настапуваше за Монако, Милан, Челси и ПСЖ, моментно ја извршува функцијата претседател на Либерија, а интересно е што Тимоти Веа е дел од репрезентацијата на САД.

Се вчитува...